Оние што веќе ги легализирале своите семејни куќи, сега Министерството за транспорт и врски им дава можност тоа да го сторат и со земјиштето под куќите, но и со дворното место. Ако таа површина не надминува 500 квадратни метри, тогаш земјиштето ќе може да се откупи по 61 денар за квадрат. За поголемите парцели пак, тогаш цената на квадратот се оформува согласно цените за продажба по пат на непосредна спогодба, односно истите цени што се плаќаат за оформување на парцелата. Овие цени се утврдени во владината уредба и како што истакна ресорниот министер Миле Јанакиески, ќе им се излезе во пресрет на голем број семејства и стопанственици кои не можеа да се стекнат со сопственост на земјиштето на кое веќе имаат изградено објект.
Оние што веќе ги легализирале своите семејни куќи, сега Министерството за транспорт и врски им дава можност тоа да го сторат и со земјиштето под куќите, но и со дворното место.
Ако таа површина не надминува 500 квадратни метри, тогаш земјиштето ќе може да се откупи по 61 денар за квадрат. За поголемите парцели пак, тогаш цената на квадратот се оформува согласно цените за продажба по пат на непосредна спогодба, односно истите цени што се плаќаат за оформување на парцелата. Овие цени се утврдени во владината уредба и како што истакна ресорниот министер Миле Јанакиески, ќе им се излезе во пресрет на голем број семејства и стопанственици кои не можеа да се стекнат со сопственост на земјиштето на кое веќе имаат изградено објект.
- Анализите што ги направивме покажаа дека најголем дел од дворовите предвидени со урбанистичкиот план се до 500 квадратни метри. Таму каде што има поголеми дворови ќе се плати повисока цена согласно Правилникот и во зависност од местоположбата и општината - рече Јанакиески. Од почетокот на процесот на легализација, правен статус досега има за околу 60.000 објекти, од кои во Агенцијата за катастар на недвижности се запишани 58.400 објекти (586 се на правни лица), како и 692 базни станици.
Што се однесува до земјиштето под индустриските објекти, за нив нема ограничувања за квадратурата на парцелата.
- Цените што ќе се плаќаат за земјиштето под објект се еднакви со ценовникот на Министерството за финансии и варираат од 240 до 480 денари за квадрат во зависност од општината и регионот - нагласи Јанакиески кој укажа дека се воведува и еднократен надомест за воспоставување правна службеност во износ од 10% од продажната цена на земјиштето за одредена намена по пат на непосредна спогодба. Тука најчесто станува збор за изградба на мали хидроцентрали, што било едно од барањата на концесионерите.